Connect with us

Фудбал

Торес: Врзан сум за овој клуб и сигурно ќе се вратам

Легендарниот шпански напаѓач Фернандо Торес го одигра својот последен натпревар за Атлетико Мадрид синоќа, за кој настапил 404 пати во кариерата.

Торес се збогуваше со своите навивачи на најдобар можен начин – со два гола против Еибар (2:2), но исто така и со емотивен говор по крајот на натпреварот.

„Најтешко ми паѓа како тоа што веќе никогаш нема да го носат овој дрес. Знам дека веќе нема да се вратам како играч, но бидејќи сум многу врзан за Атлетико, јас сигурно ќе се вратам во некоја друга улога. Имам огромна желба“, кажа Торес, а потоа зборуваше за иднината:

„Сакав да уживаат во последните недели во Атлетико, и затоа не размислував премногу за другите работи и планови… Сеуште не сум одлучил каде ќе ја продолжи својата кариера, а се ќе објавам следната недела.“

Фернандо Торес постигна 129 гола за Атлетико во неговата кариерата, а играше и за Ливерпул, Челзи и Милан.