Connect with us

Фудбал

Тотенхем договори трансфер на стопер за 25 милиони евра

Фабрицио Романо пишува дека Тотенхем е во завршна фаза од преговорите околу потписот на 21-годишниот стопер на Џенова Раду Драгушин, романскиот репрезентативец. Неговите тврдења ги потврдува и Флоријан Плетенберг, кој пишува дека Тотенхем ќе плати 25 милиони евра, со можни бонуси.

Драгушин наскоро би требало да пристигне во Лондон и да потпише договор до 2029 година. Џенова многу брзо ќе направи огромен профит на Романецот. Драгушин летово по едногодишна позајмица беше купен од Јувентус за само 5,5 милиони евра, а сега заминува за многу повисока цена.

Плетенберг пишува дека Баерн би можел да интервенира во зделката во последен момент, но дека засега нема официјална понуда од Баварците. Драгушин пристигна во Италија како 16-годишник кога се приклучи на младинската академија на Јувентус. За Стара Дама забележа четири настапи, а беше позајмен во Сампдорија и Салернитана.