Connect with us

Фудбал

Трансферот на Нејмар во Саудиска Арабија е измама на векот

Трансферот на Бразилецот Нејмар во Ал Хилал во летото 2023 година може да се сведе на следните зборови – најголемата измама на векот! 32-годишниот Нејмар пристигна во Ал Хилал за 90 милиони евра, колку што клубот од Саудиска Арабија плати на ПСЖ. Бразилецот потпиша договор до јуни 2025 година, но се повреди по само пет натпревари.

Тој се опоравува од повредата на коленото од октомври, веќе 11 месеци. А се уште не е баш подготвен бидејќи падна на тестот за физичка подготвеност.

Што се однесува до договорот меѓу Нејмар и Ал Хилал, може да се каже дека е најчудниот правен договор меѓу две страни. Бразилецот одигра само пет натпревари за година и пол, но со клубот освои четири трофеи. Не пропушта ниту една прослава, редовно се слика со соиграчите и со пехарот!

Според луѓето од Ал Хилал, Нејмар во претходните месеци тренирал слабо, иако можел да прави одредени вежби додека се опоравувал од повредата на коленото.

Затоа не е чудно што падна на тестот за физичка подготвеност и се шпекулира дека има сериозен проблем со прекумерната тежина.

Ал Хилал неодамна се огласи на социјалните мрежи и официјално објави дека Нејмар нема да се врати на терените до јануари 2025 година.

Во летото 2025 година, Нејмар ќе може слободно да преговара со други тимови бидејќи неговиот договор со Ал Хилал истекува на крајот од сезоната. Одигра само пет натпревари, а милионската плата му е редовна, секој месец оди на сметка.

Кога сето ова ќе се преточи во бројки, податоците во најмала рака се шокантни! За две години колку што е под договор Нејмар, Ал Хилал потроши многу пари, а бројките се фрапантни!

Трансферот на Нејмар е 90 милиони евра, а неговата годишна плата е 100 милиони евра. И има бонуси. Секоја победа на Ал Хилал, без разлика дали Нејмар играл или не, му носи бонус од 80.000 евра.

Плус 500.000 евра за секоја објава на Инстаграм поврзана со Ал Хилал и саудискиот фудбал. Се разбира, тој има приватен авион кој го носи каде и кога сака.