Connect with us

Фудбал

Тренерот на ПСЖ го откри тоа што не интересира сите нас, не само навивачите на ПСЖ

Во последниот натпревар од првенството ПСЖ победи со 3:0 против Нант во 6.коло од Лига 1.

Кристоф Галтиер на натпреварот против Нант претпочиташе да го остави Нејмар на клупата и покрај добрата форма на Бразилецот оваа сезона.

Запрашан за причината што довела до ваквата одлука, францускиот селектор рече дека до таква одлука го навел густиот распоред и откри каква стратегија подготвува за блиска иднина.

„Играме многу, на секои три или на секои четири дена. Сите разбираат дека играчите не можат секогаш да играат 95 минути по натпревар. Разговаравме за тоа неколку пати. Првиот пат со секој играч поединечно, а вториот пат со целата група. Реков дека е во ред ако се на клупата, дека треба да го прифатат тоа и да имаат став“, рече Галтие.

Што се однесува до Нејмар, според статистичарите на „Опта“, тој за прв пат во кариерата стигна до 10 натпревари по ред на кои успеа да постигне гол. Со три гола за Бразил и 11 за ПСЖ, неодамнешната серија ја претставува најдобрата серија во кариерата на суперѕвездата.

Нејмар доаѓа од разочарувачка сезона за ПСЖ, каде неговите бројки не беа импресивни, поради што не се најде на листата од 30 фудбалери номинирани за Златната топка во 2022 година.

Сепак, јужноамериканецот во новата сезона делува незапирливо, а моментално е најдобар стрелец во францускиот шампионат со седум гола.

По завршувањето на преодниот рок, француските медиуми објавија навистина неверојатна вест кога е Нејмар во прашање.

Парижаните наводно решиле да го понудат Нејмар на некои клубови, а еден од клубовите бил Манчестер Сити.

Гвардиола имаше можност да го доведе Бразилецот во својот тим, но одлучи дека не му треба, и дека ќе биде вишок во тимот.