Connect with us

Фудбал

Тренерот на Севиља на полувремето на играчите им кажал дека има рак, во вториот дел тие одиграа за него

Според шпанските медиуми, тренерот на Севиља, Мануел Едуардо Беризо на полувремето им соопштил на играчите дека боледува од рак на простата. Играчите биле во шок и со многу емоции ги примиле вестите.

Во второто полувреме фудбалерите на шпанскиот тим се надминаа и иако губеа со 3-0 од Ливерпул, успеаа да останат непоразени. Големото реми со посебни емоции го прославија со тренерот.

Беризо наскоро со посебни третмани треба да ја започне борбата со ракот, најверојатно ќе биде подложен на операција а потоа на радиотерапија или хемотерапија кои ќе го одалечат од клупата на Севиља, но се уште не е потврдено кога ќе се случува тоа.