Connect with us

Фудбал

Тухел: Во ПСЖ дојдов да победувам

Новиот тренер на францускиот фудбалски шампион, Томас Тухел изјави дека дојде во Пари Сен Жермен за да постигне подобри резултати и да наметне напаѓачки фудбал.
– Би сакал да му се заблагодарам на клубот за доверба. Со нетрпение го очекувам моментот кога можам да почнам да работам. Од првиот состанок со раководството на ПСЖ почувствував дека сакаат да ме видат овде. За мене тоа многу значи. Јас и моите помошници сме тука за да победиме. Сакам да видам тим кој игра офанзивен фудбал. Имаме фантастични играчи на располагање. Сакам апсолутно секој натпревар за играчите на нашиот тим да бидат подеднакво важни, изјави германскиот струњак.

44-годишниот Тухел минатата недела беше назначен за наследник на Унаи Емери на тренерското место во ПСЖ.

Договорот на Тухел со неговиот нов клуб е со важност на две години. Претходно, Германецот ја предводеше Борусија Дортмунд.