Connect with us

Други спортови

Ударна вест, Новак Ѓоковиќ тајно примен во Ургентен центар

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, ги изврши медицинските прегледи во Белград.

Првиот рекет на планетата во средата околу десет часот бил во Ургентниот центар во Белград на скенирање на главата, пренесува „ Информер “. Во таа прилика Ѓоковиќ тајно бил внесен во просториите на оваа здравствена установа и му била прегледана главата, но не се знае какви се резултатите од снимката.

Споменатиот извор наведува дека Новак бил расположен и дека излегол да се сретне со вработените кои сакале фотографија за спомен од средбата со еден од најдобрите спортисти на денешницата.

Да потсетиме, по мечот на Мастерсот во Рим, каде играше против Корентано Муте, се приближи до трибината за да даде автограми, а потоа шише од трибината го удри во глава.

 

Advertisement