Connect with us

Фудбал

УЕФА ги казни Барселона и Манчестер Јунајтед

Гигантите Барселона и Манчестер Јунајтед се на списокот на клубови казнети од УЕФА поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј. Шпанскиот шампион Барселона е казнета со 500.000 евра поради „лажно пријавена добивка од продажба на нематеријални средства“.

Каталонскиот клуб веќе неколку пати е казнет поради прекршување на ФФП. Манчестер Јунајтед, пак, е казнет со 300.000 евра поради „мали профитабилни дефицити“. Покрај нив казнети се и кипарски АПОЕЛ, турски Коњаспор, Истанбул Башакшехир и Трабзонспор и белгиски Антверпен и Андерлехт.