Connect with us

Фудбал

УЕФА ја казни Барселона

Дисциплинската комисија на УЕФА ја казни Барселона за расистички и дискриминаторски испади на нејзините навивачи на натпреварот против Монако на стартот од Лигата на шампионите, а поради тоа каталонскиот клуб нема да има поддршка против Црвена Звезда на стадионот „Рајко Митиќ“ во ноември. 6.


Барселона беше на условна казна за прекршок во април, а откако нивните навивачи го повторија прекршокот, УЕФА мораше да ги казни со забрана за продажба на билети за првиот натпревар на гости во Лигата на шампионите, а тоа е токму средбата со Звезда. Дополнително, Барселона доби и парична казна од 10.000 евра, додека беше „условно“ казнета со уште еден натпревар без навивачи на гости, доколку во рок од една година го повтори истиот прекршок.