Connect with us

Ракомет

Унгарците пресилни за Еурофарм Пелистер, Веспрем во финалето против Загреб

Еурофарм Пелистер и Веспрем го одиграа вториот полуфинален натпревар од СЕХА лигата. Унгарскиот гигант славеше со вискои 41:27 и се пласираа во финалето каде ќе ја бранат титулата пртив Загреб.

Веспрем ја оправда улогата на фаворит и уште на почетокот на натпреварот направи разлика која Битолчани не успеаа да ја „стопат“. Тренерот Ларс Валтер се обиде да смени нешто, играше „7 на 6“ во нападот, меѓутоа тоа беше проследено со грешки во нападот и по 20-тина минути Веспрем имаше 18:10.

Веспрем го одржуваше тој резултат до крајот на полувремето, а на пауза екипите заминаа со 24-16. на Крајот Веспрем забележа висока боведа од 41:27

Вајлупов постигна осум гола, а Јахја, Штрлек и Нилсон постигнаа по шест за Веспрем, додека кај Пелистер, Хосни постигна шест, а Сери и Пешевски по пет. В недела Пелистер ќе игра против Нексе од 16:30 за трето место на Ф4-турнирот во Задар, а од 19 часот е закажано финалето помеѓу Веспрем и Загреб.