Connect with us

Фудбал

Уште еден член од епското трио на Реал се сели во Манчестер?

Лука Модриќ, Тони Крос и Касемиро со години во Реал Мадрид се најдобриот среден ред во светот.

Ова лето Касемиро го крена сидрото и замина во Манчестер, каде потпиша за Јунајтед, а сега Тони Крос може да оди во истиот град, но во ривал Сити.

Станува збор за фудбалер кој Пеп Гвардиола многу го цени и би сакал да го има под своја команда. Според каталонскиот весник Ел Национал, тренерот на Манчестер Сити се надева дека неговиот тим ќе успее да го доведе германскиот играч за врска, кој во јануари влезе во последната година од договорот со Реал Мадрид.

Крос, кој е во Реал Мадрид од летото 2014 година, не би одбил нов предизвик, па постои шанса фудбалерот да прифати евентуална преселба во Манчестер Сити.

Според шпанските медиуми, Крос одлучил да ја одбие понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, најверојатно на една година, како што тоа го прави Флорентино Перез за фудбалерите над 30 години.

Германецот би ја донел оваа одлука бидејќи прво сака да види дали ќе може да продолжи да настапува на највисоко ниво и следната сезона, па во зависност од тоа ќе одлучи дали ќе продолжи или не да игра фудбал.

 

Крос веќе се повлече од германската репрезентација, а во 2021 година призна дека е можно засекогаш да ги закачи копачките за две години, односно на крајот од оваа сезона.

Германскиот играч за врска кариерата ја започна во Баерн, беше позајмен во Леверкузен, а член на Реал е од 2014 година. Како тинејџер настапувал за Ханза Росток.

Со Реал освои се што може да се освои, а најзабележителни се четирите Лига на шампиони и три титули во шпанското првенство.

За германската репрезентација играше 106 пати и постигна 17 голови, а круна на репрезентативната кариера секако беше освојувањето на Светското првенство во Бразил во 2014 година.