Connect with us

Фудбал

Ужас во Турција, хулиган застрела поранешен фудбалер кој излегувал од емисија, сакал да му испрати порака (ФОТО)

Поранешниот фудбалер Серхат Акин (43) беше застрелан во стапалото по гостувањето на една турска телевизија од навивач, најверојатно Фенербахче. Имено, поранешниот репрезентативец моментално работи како аналитичар, па во тоа својство го коментираше синоќешниот натпревар меѓу Фенер и Ројал Унион во 1.коло од Лигата на Европа. Како поранешен играч често е груб кон управата и фудбалерите на „канаринците“, а тоа очигледно им пречеше на најжестоките приврзаници, па решија на Акин да му испратат морничава порака.

Асот на Андерлехт излегуваше од студиото и се упати кон својот автомобил, кога вооружено и маскирано младо момче се приближи и го застрела фудбалскиот стручњак.

-Последниот збор ни е Фенербахче“, извикувал напаѓачот, што навестува дека зад пукањето стојат навивачите на гигантот од Истанбул.