Connect with us

Фудбал

Ван Бисака е нов член на Манчестер јунајтед, потпиша петгодишен договор


Арон Ван Бисака и официјално е нов член на Манчестер јунајтед и ќе остане на „Олд Трафорд“ долго време. Младинскиот репрезентативец потпиша петгодишен договор со „црвените ѓаволи“ со можност да продолжи потоа уште една сезона.
Официјално договорот го потврди и Манчестер јунајтед на својата клупска страница.
„Арон е еден од најталентираните дефанзивци во Премиерлигата. Има талент, работни навики и победнички менталитет и одлично ќе се вклопи во составот на Манчестер јунајтед. Среќен сум што ангажиравме еден голем потенцијал и квалитет каков што има Арон“, изјави Оле Гунар Солскјер.
Манчестер јунајтед му плати на Кристал Палас околу 50 милиони фунти за ангажманот на 21-годишниот бек.
.

Извор: Sportmanija.mk