Connect with us

Други спортови

Верстапен најбрз на вториот тренинг во Абу Даби

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен беше најбрз на вториот тренинг во пресрет на последната трка од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Абу Даби.

Верстапен постигна време од 1:25,146 минути и беше за 0,341 секунди побрз од возачот на Мерцедес Џорџ Расел. Возачот на Ферари Шарл Леклер беше трет со 0,453 секунди заостанување, а четвртото место го зазеде возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој претходно денеска беше најбрз на првиот тренинг на патеката Јас Марина. Хамилтон заостана 0,615 секунди зад Верстапен.

Возачот на Ред Бул, Серхио Перес беше шести, а по него беа возачите на Алпина, Естебан Окон и Фернандо Алонсо, Даниел Рикиардо од Мекларен и возачот на Алфа Ромео, Валтери Ботас.

Третиот тренинг се одржува во сабота кога се и квалификациите кои почнуваат во 15 часот. Последната трка од оваа сезона е закажана за в недела во 14 часот на патеката Јас Марина во Абу