Connect with us

Фудбал

Вест Хем на брутален начин ја отпушти легендата на клубот

Искусениот дефанзивец кој го носел дресот на „Чекичарите“ во период од 10 сезони добил известување за отпуштање преку е-пошта.

Иако беше сигурно дека 35-годишниот стопер наскоро ќе го напушти клубот од Лондон, раководството на овој тим одлучи да му соопшти на најлош можен начин.

Ниту еден од лидерите немаше храброст да седне и да разговара со него и за отказот одлучија да му соопштат преку електронска пошта.

Пред неколку дена, менаџерот Дејвид Мојс исто така беше истеран од клубот. Него одлучија по телефон од администрацијата да му кажат дека не го сакаат повеќе на оваа позиција.