Поврзи се

Фудбал

Видал неизвесен за дуелот со Реал

Фудбалерот на Баерн Минхен, Артуро Видал, може да го пропушти првиот натпревар од полуфиналната пресметка со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Бавараскиот клуб соопшти дека Чилеанецот има повреда на коленото и следуваат дополнителни медицински испитувања.

– Планирано е во блиска иднина Видал да има мала артроскопска процедура во една од клиниките во Аугсбург, информира Баерн.

Првиот натпревар меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид е закажан за 25 април.

ФОТО

ВИДЕО

ПОВЕЌЕ ОД Фудбал

loading...
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com