Connect with us

Фудбал

Видал веќе ги поминал медицинските прегледи во Барса

Трансферот на Артуро Видал од Баерн Минхен во Барселона се приближува. Според некои медиуми, Чилеанецот веќе ги поминал медицинските тестови кај каталонците и ги договорил сите услови за неговиот личен договор.

Двата клуба, исто така, се разбраа за зделката, при што Шпанците платиле за играчот од средниот ред околу 30 милиони евра.

Трансферот на Видал во Барселона доаѓа по напуштањето на Паулињо и Андрес Иниеста. Се очекува дека договорот за привлекување на играчот од средниот ред да биде објавен денеска.