Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Честитка од Богдан Николиќ до РК Пелистер – бара над 10.000 евра

На последната седница на советот на општина Битола, беше разгледано за прв пат функционирањето и финансиското работење на ракометниот клуб Пелистер – Битола.

Советникот Борче Корлевски од говорницата истакна дека клубот го наследиле во големи долгови кои ги направило претходното раководство со недомаќинското работење. Тој се осврна на последната „честитка“ која ја добиле од ракометарот Богдан Николиќ.

„Во вчерашниот ден добивме нова честитка од ВМРО-ДПМНЕ и нивното работење. Од ракометарот Богдан Николиќ за кој има побарувања од над 10.000 евра за кои претходното раководство склучило штетен договор, а и понатаму не ги исполнило обврските кон него“, рече Борче Корлевски – советник до СДСМ и технички директор на РК Пелистер – Битола.

Потпишување на договорот со Богдан Николиќ во 2016. година

Ова е прв пат по основањето на АД РК „Пелистер“ – Битола да се разгледува функционирањето и финансиското работење на овој ракометен клуб.
Од власта велат дека се што можело да биде уништено во РК „Пелистер“, минатото раководство тоа го направило.

„Со самото стапување од 9. Јануари на новото раководство, клубот го затекнавме со четири неисплатени плати, или во превод тоа значи 83.000 евра основен долг. Според прописите на ракометната федерација и на Европската ракометна асоцијација, ракометарите се слободни по две неисплатени плати. Или клуб без играчи“, изјави Борче Корлевски – советник од редовите на СДСМ.

Борче Корлевски – советник до СДСМ и технички директор на РК Пелистер

Ракометниот клуб Пелистер, моментално е на 5. Позиција од табелата во суперлигата со 6 бодови. Вечерва од 18:30 игра против Металург на домашен терен кој е на втората позиција со 19 бода.

Ј.П