Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Чичарито заборави дека камерите го снимаат, па го шокираше светот со срамна симулација

Фудбалерите на ЛА Галакси синоќа ремизираа на гостински терен против Торонто (2:2) во едно од дерби натпреварите во МЛС лигата.

Синоќа гледавме навистина одличен натпревар во Торонто, а на крајот изгледа најправедно беше клубовите да ги поделат бодовите.

Галакси поведоа во 24. минута со голот на Даглас Коста, но Торонто успеа да го сврти резултатот во вториот дел.

Најпрвин Хименез во 62. минута израмни на 1:1, додека 20 минути подоцна Федерико Бернардески постигна гол од пенал за 2:1 и водство на Торонто.

Сепак, ЛА Галеј успеа да извлече реми бидејќи во 89. минута Рики Пуиг постигна спектакуларен гол за конечни 2:2 и покажа дека ќе биде огромно засилување за клубот од Лос Анџелес оваа сезона.

Но, во центарот на вниманието по овој натпревар беше Чичарито, кој најчесто ја носи капитенската лента во ЛА Галакси.

Искусниот мексикански напаѓач стана мета на потсмев на социјалните мрежи откако се обиде со срамна симулација да изнуди картон по судирот со дефанзивците на Торонто.

Чичарито вербално се судри со Бредли и Лариеа, а потоа срамно падна на теренот и се преправаше дека е удрен, што воопшто не беше случај.

Ваквиот потег на поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед не му се допадна на судијата и му покажа да стане и да престане да се обидува на тој начин да изнуди картон за противничкиот играч.

Овој 34-годишен напаѓач пристигна во ЛА Галакси на почетокот на 2020 година од Севиља за девет милиони евра. Во досегашниот дел од сезоната одигра 25 натпревари во МЛС и постигна 12 гола со две асистенции.