Connect with us

Фудбал

(ВИДЕО) Де Шиљо: Не знаев како да го прославам мојот прв гол

Фудбалерот на Јувентус, Матиа Де Шиљо синоќа на дуелот со Кротоне (3:0) го постигна првиот гол во неговата кариера.

– Чувството беше неверојатно. Не знаев како да прославам, изјави одбранбениот фудбалер на Јувентус.

Де Шиљо погоди во 60. минута што е прв негов гол во 173. натпревар од професионалната кариера.

– Сите соиграчи се стрчаа кон мене, вклучувајќи го и голманот Џиџи Буфон, кој го претрча целиот терен да ме прегрне. Тоа беше емотивен момент, а кога го видов Буфон, се чувствува уште подобро. Прекрасна ноќ. Соиграчите ми рекоа дека морам да ги честам вечера, кажа Де Шиљо.

Powered by WPeMatico