Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Дете на сред меч се упати кон Лео Меси, обезбедувањето го запре, но…

Интер Мајами обезбеди доцна победа од 1-0 над Торонто ФК со доцниот гол на Лео Кампана. Тој со десната нога го прекина додавањето на Уругваецот Луис Суарез во 93. минута. Тоа беше осми гол на

Кампања на сезоната и трет во последните пет натпревари. Голманот на Интер, Оскар Устари забележа седум одбрани.

Ѕвездата на Интер, Лионел Меси влезе како замена во 60. минута.

Меси не потпиша, но аргентинскиот гениј сепак се најде во центарот на вниманието.

Дете облечено во дресот на Меси од Барселона истрча на теренот, на само неколку метри го сопре телохранителот на Лео, а кога Аргентинецот го забележа тоа, реши да се поздрави со својот навивач, а потоа да му ја исполни големата желба – да се слика со него.

Торонто сега е без победа во пет натпревари.

Торонто пред натпреварот објави дека поранешниот играч Себастијан Џовинко започнува работа во клубот. Тој ќе се занимава со селекцијата и ќе дава оценки за играчите.