Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Џенова загуби од Фиорентина, Пандев одигра 40 минути

Фиорентина денеска во 4. коло од Серија А, ја совлада Џенова на гости со 2:1.

„Виолетовите“ иако беа благи фаворити на натпреварот, не стигнаа лесно до трите бода.

Џенова добро се држеше до 60. минута, кога Сапонара ја затресе мрежата и ја најави победата на гостите, потоа во 80. минута Бонавентура го удвои водството на 2:0.

Последниот гол на натпреварот беше виден во 8. минута од судиското надополнување, кога Кришито ја затресе мрежата од белата точка и ги постави конечните 2:1.

Нашиот поранешен капитен Горан Пандев, влезе во игра во 53. минута на местото на Дестро.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама