Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Диего Коста со дресот на Наполи, навивачите во делириум

Навивачите на Наполи полудеа кога ја видоа снимката на која Диего Коста во друштво на Карло Анчелоти, го држеше дресот на италијанскиот клуб.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид се најде во ресторан со новиот тренер Наполи, а во еден момент, Костса се смееше и го држеше дресот на Наполи.

Изгледаше како Коста да стана новиот фудбалер на Наполи, но очигледно тоа е само добра шега, иако навивачите на овој клуб нема да имаат ништо против тоа да биде вистина.

Сепак, не е никаква тајна дека Наполи го продава Дрис Мертенс и бара напаѓач, а на листата на желби ги имаат Мајорал од Реал Мадрид и „лудиот“ Марио Балотели.