Поврзи се

Фудбал

ВИДЕО: Легендарниот Колина пресуди: Беше пенал за Реал

Пеналот за Реал во 93.минута на натпреварот против Јувентус во четврт-финалниот реванш во Лигата на шампионите се уште е актуелен во фудбалскиот свет.

Дуелот на Лукас Васкез и Мехди Бантија, судијата Мајкл Оливер го окарактеризира како пенал, Роналдо погоди, а Реал се пласира во полу-финалето.

Од таборот на Јувентус по мечот фрлаа со „дрвја и камења“ по главниот судија и по легендарниот Пјерлуиџи Колина кој е прв човек на судиската организација на УЕФА и е задолжен за делегирање на судиите.

Конечно по спорната одлука на „Сантијаго Бернабеу“ се огласи и легендарниот ќелавко, еден од најдобрите судии на сите времиња.

„Пеналот е исправно досуден. Ја гледав снимката од сите можни агли и сметам дека судијата не згреши кога покажа на белата точка. Донесе вистинска одлука и на еден ваков натпревар и во ситуација се наоѓаше под голем притисок“, рекол Колина.

Topsport.mk

ФОТО

ВИДЕО

ПОВЕЌЕ ОД Фудбал

loading...
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com