Поврзи се

Ракомет

ВИДЕО: Многу емоции и солзи – ЖРК Вардар се простува со публиката

Убедлива победа со резултат 32:25 остварија ракометарките на Вардар на својот последен настап пред домашна публика оваа сезона во меч од Лигата на шампионите.

Совладан беше дански Митјиланд, по втор пат во четвртфиналната пресметка по што „црвено-црните“ изборија пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта.

Победникот беше извесен уште по почетните минути, а беше потврден во второто полувреме кога 15 минути гостинките не успеаја да ја совладат Амандин Лејно, па нашите ракометарки со серија од 8-0 стигнаа до плус 13.

Четириилјадната публика во „Јане Сандански“ долго време остана да ги поздрави своите миленчки кои последен пат во овој состав настапија на домашен терен во ЛШ. Кај повеќето ракометарки емоциите беа видливи и тие не можеа да ги сопрат солзите.

Противникот на Вардар во своето петтото учество на завршниот турнир во Будимпешта ќе биде познат во вторник за кога е закажана жрепката.

Vardarzrk

Многу емоции, многу солзи, оваа генерација на ЖРК ВАРДАР се простува со публиката, од трибини: ВАРДАР, ВАРДАР ВАРДАР!!

Posted by Спортисимо Македонисимо on Saturday, April 14, 2018

ФОТО

ВИДЕО

ПОВЕЌЕ ОД Ракомет

loading...
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com