Connect with us

Кошарка

ВИДЕО Најслаткиот момент: Јокиќ ја виде ќерка си на трибините, неговата реакција ги воодушеви сите

Кошаркарите на Денвер Нагетс предводени од српскиот центар Никола Јокиќ остварија нова победа во НБА лигата против Детроит Пистонс 131:114. Јокиќ беше актерот на сцената која ги разнесе сите по натпреварот.

Српскиот кошаркар го напушти теренот, разговараше со колега, а потоа во публиката ја виде својата ќерка.

Во тој момент тој веднаш застанал и се насмевнал, а потоа ги подигнал двете раце и почнал да мафта со својата ќерка.

Денвер е на второто место во западната конференција на НБА со 26 победи и 12 порази.