Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Новак Ѓоковиќ ги насмеа следбениците, го заигра грчкиот танц на лента за трчање

Во натпревар од Дејвис купот, Србија вчера поведе со 2:0 против Грција во Белград, а вториот поен го донесе Новак Ѓоковиќ со победа над Гркот Јоанис Ксилас со 6:0, 6:1. Пред одиграниот меч, Новак ги насмеа своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи видео во кое покажа како се подготвува за натпреварот.

“Смешен начин да се подготвиш за мечеви против Грција”, напиша тој во описот на своето TikTok видео, кое за само еден ден собра повеќе од 655 илјади прегледи. Имено, додека бил во теретана, Ѓоковиќ на лента за трчање го изведува познатиот грчки танц – сиртаки.

@djokernole Fun way to prepare for the matches vs Greece 🇬🇷 brothers #tennis #serbia #greece #daviscup ♬ original sound – Novak Djokovic