Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Ново комитско шоу: Управа оди си… наш е Вардар и наш ќе остане!

Фановите на Вардар, познати како „Комити“, се издвојуваат како светла точка во оваа сезона за време на слабите перформанси на клубот.

Но не можат да преминат преку најновата бламажа на Вардар и убедливиот пораз од 1-3 од Воска Спорт на својот стадион. „Комитите“ отворено го искажаа својот револт кон новото раководство на клубот кое пред два месеци ги презеде црвено-црните.

„Управа оди си… Наш е Вардар и наш ќе остане… Оди си Миленко…“ – беа дел од скандирањата на „Комитите“, јасно алудирајќи на неофицијалниот извршен директор на клубот Миленко Неделковски кој го презеде раководењето со клубот, иако никогаш официјално и претставен пред јавноста, како што доликува на најтрофејниот македонски клуб.