Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Погба го шокираше светот: Јас сум мртов, готов сум, повеќе не постојам

Пол Погба, еден од најпознатите светски фудбалери, реши да ја открие својата тешка одлука пред камерите, признавајќи дека е „готов“ како спортист и човек. Оваа изјава следува по неговата четиригодишна суспензија поради допинг, што го шокираше фудбалскиот свет.

„Јас сум готов, јас сум мртов… Пол Погба повеќе не постои“, изјави Погба во емотивно телевизиско интервју. Неговата кариера претрпе сериозен удар откако беше најден позитивен на забранети супстанции, што резултираше со четиригодишна забрана за играње.

Францускиот фудбалер ги започна своите професионални чекори во Ле Авр, пред да се пресели во Манчестер Јунајтед во 2009 година, каде што не успеа целосно да се афирмира. Подоцна, Погба замина во Јувентус како слободен играч, каде ја доживеа врвот на својата кариера, освојувајќи четири титули во Серија А. Во 2016 година се врати во Манчестер Јунајтед за рекордна сума од 100 милиони евра, освојувајќи Лигата на Европа и Лига купот во Англија. Неговото второ враќање во Јувентус беше помрачено со серија на повреди и на крај допинг скандалот.

Во својата кариера, Погба освои Светското првенство во 2018 година со Франција, каде постигна гол во финалето против Хрватска. Тој важеше за клучен играч во тимот, но неговата кариера сега е исполнета со неизвесност и загубена слава.

https://x.com/centregoals/status/1804823491218432430

Advertisement