Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Погледнете ја пенал инфаркт завршницата на Хрватска – Данска

Вечерашниот осмина-финален натпревар уште од самиот почеток се знаеше дека ќе биде интерес. На самиот почеток беше постигнат најбрзиот гол досега на Светските првенства од страна на Данска, но Хрватите веднаш возвратија.

Регуларниот дел заврши без победник 1:1. Поведе Данска со голот на Јоргенсен уште во првата минута од натпреварот, но три минути подоцна израмни Манџукиќ. Овој резултат беше конечен по 90-те минути, но и по продолженијата од два пати по 15 минути, покрај тоа што Хрватска не реализираше пенал во 116.минута преку Модриќ.

Во пенал серијата фантастична вечер имаа голманите Субашиќ, кој одбрани три пенали, но и Шмајхел на спротивната страна кој одбрани два удари од 11 метри во пенал серијата.