Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Судијата направи хаос на „Сан Сиро“

Дерби натпреварот од 4. коло од групната фаза на Лигата на шампионите го играат Милан и Челзи.

Во првите 20 минути речиси и да немаше ништо, а потоа германскиот судија Зиберт покажа пенал, но потоа му покажа и црвен картон на домашниот стопер Томори поради влечење.

Следеа жестоки протести, дефинитивно Германецот претера во оваа ситуација, но залудни беа приговорите на фудбалерите на Милан. Тој му даде жолт картон на Маунт поради неспортско однесување, а Жиру поради жалење.

Неверојатно е каков хаос направи Германецот на еден многу важен натпревар во борбата за осминафиналето на Лигата на шампионите и сигурно многу ќе се зборува за неговите одлуки.

Веќе во 29. минута додели нов картон, овојпат на Стерлинг за остар прекршок, но жолт, а во 32. минута јавно го опомена Габија.

Милан тешко дека сега ќе избегне пораз пред своите навивачи, но по натпреварот ќе има поплаки од сите страни…