Други спортови
ВИДЕО: Тежок пад на Шифрин. Со хеликоптер беше пренесена во болница
Натпреварите во Светскиот куп на машки и женски скијачи продолжија денеска со женскиот спуст во Кортина д’Ампецо. Тоа е четврти спуст сезонава, а во него тежок пад доживеа најдобрата светска скијачка Микаела Шифрин. Американката која е убедливо лидер во Светското првенство стартуваше осма. По 20-ина секунди и скок на влезот во кривината изгубила контрола над скиите и завршила во заштитната ограда.
Падот изгледаше застрашувачки, а Шифрин лежеше неподвижен некое време. Многу брзо и била укажана лекарска помош и станала, но и покрај тоа морала да се качи во хеликоптер кој итно ја однел во болница на дополнителни тестови. Падот не заврши тука.
По Шифрин стартуваше Швајцарката Лара Гут-Бехрами, која одлично скијаше и прва мина низ целта, но Федерика Брињоне падна по неа на истото место како и Шифрин. Италијанката веднаш ги крена рацете во знак дека се е во ред со неа, а не долго потоа падна и швајцарската скијачка Корин Сутер. Таа незгодно слетала при што го повредила коленото, а со хеликоптер била пренесена во болница.