Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Тројца десни бекови кои ќе бидат најопасни на Европското во Хрватска


НЕДИМ РЕМИЛИ (Франција)

Франција отсекогаш има на располагање добри бекови. Моментално, Недим Римили е еден од најдобрите на Франција. 22-годишниот левичар од Парис Сен Жермен, го доби својот меѓународен пробив минатата сезона, кога тој постигна 81 гол на патот до финалето на лигата на шампионите со ПСЖ.


Алекс Дујшебаев (Шпанија)

Првично Алекс Дујшебаев беше главно познат како најстариот син на легендата Талант. Тие денови веќе одамна ги нема. Младиот Алекс излезе од сенката на својот татко, и денес, на 25-годишна возраст, тој е клучен играч за неговиот клупски тим, Виве Киелце, како и за шпанскиот национален тим.

Откако одигра важна улога во Лигата на шампионите за Вардар минатата сезона, тој се пресели во Киелце во Полска, каде што неговиот татко е тренер.


КЕНТ РОБИН ТОНЕСЕН (Норвешка)

Потпишувајќи за Телеком Веспрем се стекна со големо ривалство со звучни имиња како Лазло Наџ и Габор Ансчин, но сепак остави трага во својата прва сезона на унгарскиот тим. Кент Робин Тоннесен од Норвешка го направи токму тоа со што се очекува и продолжување на Европското.

СПОРТ М ИЗВЕСТУВА ДИРЕКТНО ОД ХРВАТСКА

АНКЕТА
[poll id=”2″]