Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ударот само на еден човек успеа да го натера Дрогба да му се моли на Бога

Дидие Дрогба беше врвен напаѓач и еден од најдобрите во својата ера, но му беше многу полесно да победува и освојува трофеи во неговиот поранешен клуб Челзи отколку во дресот на националниот тим.

Како играч на Челзи, Дрогба освои дури четири шампионски титули на Англија, а во сезоната 2011/12 и Лигата на шампионите. Во куповите има и разни трофеи, но со репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска немаше многу успех.

За време на СП 2010 година, неговата селекција беше во група со Португалија, чиј лидер беше Кристијано Роналдо, кој и денес е активен на 37 години и ќе настапи во Катар на Светското првенство.

На средбата помеѓу Брегот на Слоновата Коска и Португалија беше видена една од ситуациите која и денес се раскажува. Тогаш страшниот Дрогба беше принуден да се моли од клупата, а сето тоа поради Роналдо.

Во 11. минута Роналдо ја прими топката, мајсторски го „излажа“ Јаја Туре и испрати ракета кон голот под околу 35 метри. Стативата ја спаси Брегот на Слоновата Коска, а камерите веднаш го забележаа Дрогба кој буквално му се молеше на Бога топката да не ја затресе мрежата.

Се фати за глава и се крстеше, а според многумина, ако топката завршеше во мрежата, ова ќе беше еден од најубавите голови во историјата на Мундијалите.

Дрогба беше резерва на тој меч, влезе во 66. минута, а дуелот заврши со резултат 0:0. Португалија се пласираше како втора, додека „слоновите“ беа трети со бод помалку и ја пропуштија нокаут фазата.

Сепак, сонот на Роналдо за светска титула заврши во осминафиналето бидејќи беа поразени од евентуалниот победник, Шпанија.

Роналдо цело лето беше на насловните страници откако во јуни го шокираше Манчестер Јунајтед со барање за трансфер. Долго се шпекулираше за негово заминување, но неговиот агент Мендеш не му најде адекватен клуб кој игра во Лигата на шампионите, па Португалецот остана.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ го постигна својот прв гол оваа сезона минатата недела во победата на Јунајтед со 2:0 над Шериф во Лига Европа. Менаџерот Ерик тен Хаг по тој натпревар изјави дека „Овој гол му требаше на Роналдо“.

Дали Роналдо ќе остане на Олд Трафорд и по оваа сезона? Само времето ќе покаже.