ВИДЕО: За време на химната, Борко со знак за „Обединета Македонија“
Популарниот „министер за одбрана“, голманот на ракометната репрезентација Борко Ристовски за време на интонирањето на националната химна пред денешниот дуел со Чешка, направи гест кој многумина го искоментираа. Додека сите ракометари ги пееја стиховите од „Денес над Македонија се раѓа“, Борко со својата десна рака, на срцето направи симбол кој означува „Обединета Македонија“.
За вградување, копирај и вметни го ова URL во твојата WordPress страница.
Копирај и вметни го овој код за вградување во вашата страница.