Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Зинченко истрча да го прослави голот со соиграчите, редарите мислеа дека е навивач и се обидоа да реагираат

Фудбалерите на Арсенал вчера го победија Фулам со 2:1 во четвртото коло од Премиершип.

„Топчиите“ успеаја да дојдат до нова победа и да ја продолжат одличната серија, бидејќи по четири одиграни натпревари клубот од Емирати е единствениот во лигата со максимални 12 бода.

Но, натпреварот против Фулам беше сè само не лесен за Арсенал. Гостите поведоа од 56. минута со голот на Александар Митровиќ, но домашните успеаја да направат пресврт до крајот на натпреварот.

Арсенал израмни во 61. минута кога Одегард погоди за 1:1, а Габриел на пет минути пред крајот му донесе победа на Арсенал.

По голот на Габриел владееше вистинско лудило на трибините, но и на теренот каде фудбалерите на Арсенал знаеја да го прослават овој гол кој им донесе нови три бода.

Сепак, во центарот на вниманието при прославата беше украинскиот репрезентативец Олександр Зинченко, кој го пропушти вчерашниот меч поради повреда на коленото.

Имено, откако Габриел постигна гол за 2:1, Зинченко истрча на теренот да го прослави голот со својот тим, што ги збуни редарите покрај теренот.

Мислеле дека е навивач кој некако го поминал обезбедувањето и истрчал на теренот, но подоцна сфатиле дека тоа е Зинченко.

Сепак, реакцијата на редарите кои збунето гледаа во Зинченко додека тој се радуваше со соиграчите и дури размислуваа дали да реагира, насмеа многумина и стана хит на социјалните мрежи.