Connect with us

Фудбал

Вил Смит, Ники Џем и Ера Истрефи ќе ја пеат мундијалската химна

Химната на Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Русија, ќе ја испее актерот Вил Смит придружуван од Ера Истрефи и Ники Џем.

Според Bilbord, песната ќе биде објавена на 25. мај и е во продукција на Дипло, кој стои зад некои од најголемите хитови од минатите години како “Lean On” и “Cold Water”.

Мундијалската химна се изведува на отварањето или затворањето на Светското првенство. Пред четири години, првенството го отворија Пит Бул и Џенифер Лопез, додека пак во 2010, честа и припадна на Шакира.