Connect with us

Други спортови

Вимблдон уште не почнал, а испишана е историја


Со 15 години и 122 денови, Американката Кори Гауф стана најмладата тенисерка во историјата, која успеала да се пласира на главен турнир на еден Гренд Слем турнир. Ниту една тенисерка уште од почетокот на „Отворената ера“ од 1968 година не успеала на таа возраст да биде дел од елитата.
Гауф, која има прекар Коко, моментно е на 301 место на ВТА листата, а во последното коло од квалификациите на Вимблдон, со 2:0 во сетови ја победи Грет Минен од Белгија која е на 129 место на ВТА листата. Американката беше доминантна и двата сета ги доби со по 6:1. Само една вечер пред да го игра дуелот против Минен, Коко морала да биде во Флорида и да полага испит по наука на училиште.
Да биде оваа приказна на Коко уште поневеројатна, во првото коло на Вимблдон, таа треба да игра против Венус Вилијамс, која е 24 години постара. Идол на тинејџерката е сестрата на Венус, Серина Вилијамс.
„Уште сум во шок. Првите спомени од Вимблдон ми се од времето кога Серина победуваше, а јас ја гледав на телевизија. Серина е причината поради која играм тенис“, вели најголемиот тениски талент во женска конкуренција, Гауф.

Remember the name.
Aged 15 years and 122 days, America’s @CocoGauff becomes the youngest #Wimbledon qualifier in the Open Era after beating Greet Minnen 6-1, 6-1 pic.twitter.com/PSWlOiRNkB
— Wimbledon (@Wimbledon) June 27, 2019

Дека пласманот на Вимблдон не е случајност, покажуваат и резултатите на Гауф во претходниот период. Тенис започнала да ига на шест години, а две години подоцна го освоила првиот турнир. Со 13 години била најмладата јуниорка во светот, а истата година станала и најмладата финалистка на САД Опен во јуниорска конкуренција.
Целта на младата Американка е јасна и самата ја кажува. „Сакам да бидам најдобрата тенисерка во историјата“, вели Гауф, која сепак има уште многу години пред нејзе за да го достигне тоа што го посакува.
 

 
.

Извор: Sportmanija.mk