Connect with us

Фудбал

Во Португалија денеска е изведен „најчудниот пенал досега“ (ВИДЕО)

Есмиралдо Са да Силва, попознат како Жардел, денеска го изведе еден од најчудните пенали досега.

Тоа е „замрзнат“ метод на изведување на пенали. На ремито меѓу Феиренсе и Леиксое (1:1) во 65. минута Жардел погоди од белата точка.

Ја постави топката на 11 метри, остана до неа, ја подигна десната нога и остана „замрзнат“ неколку секунди, а потоа шутираше на страна и погоди за израмнување.

Многумина при прегледувањето на видеото прво помислија дека видеото е паузирано, изгледаше збунувачки, но Жардел постигна гол.

Корисниците на социјалните мрежи го опишаа потегот на Жардел на различни начини, а еден корисник на Твитер напиша: „Дефинитивно еден од најчудните пенали што некогаш ќе ги видите“.

Исто така, некој коментираше дека изгледа како класичен баг во популарната видео игра ФИФА.

Начинот на изведување на пенали на Жардел е единствен во светот, но слично работеше и Ариц Адуриз од Атлетик, кој шутираше од еден чекор и најмногу погодуваше.