Фудбал
Во Ваљадолид свесни за грешката, спремни се и за казна од Ла Лига
Претседателон на Ваљадолид Карлод Суарез свесен е дека неговиот клуб може да биде казнет поради лошиот терен.
Ваљадолид во саботата изгуби од Барселона со 1:0, а „Каталонците“ беа шокирани од катастрофалниот терен на кој домаќинот само пред неколку дена му ја менуваше тревата.
„Мислевме дека состојбата на теренот ќе биде подобра од претходната и нема да се распаѓа толку. Тоа беше наша одговорност и доколку ни биде изречена казна, ќе биде праведна. Кога поставувате трева, дури и да е со добар квалитет, такво нешто може да се случи, иако навистина не мислевме дека ќе биде во толкава мера. Имавме ограничено време да го средиме теренот затоа што некаде на средината на јуни изборивме пласман во Ла Лига и мислевме дека ќе бидеме подготвени на време“ кажа првиот човек на новиот член во Ла Лига
Од Барселона по натпреварот се пожалиа, па останува да видиме дали водството на Ла Лига ќе го казни Ваљадолид и на кој начин.