Connect with us

Фудбал

Во Звезда задоволно ги триат рацете после првиот бод во Лигата на Шампионите

Црвена Звезда одигра одличен натпревар против Наполи во Лигатана на шампионите.

На крајот белградскиот тим извлече еден бод (0:0) и покажа дека нема да биде лесен залак за великаните во оваа група, посебно на домашен терен.

Раководството на Црвена Звезда задоволно ги три рацете после дуелот со Наполи. Бодот им донесе 900.000 евра, што секако, тоа е одлична цифра за црвено-белите.

За потсетување, само за пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите белградскиот клуб доби 15,25 милиони евра, а секој бод ќе им донесе додатна награда.

Така покрај 900,000 евра за еден бод, победата во Лигата на шампионите на секој клуб му носи 2,7 милиони евра и парите за секој тим се голем стимул да се игра што подобро.

Звезда во наредното коло игра кое се игра на 3. октомври му гостува на францускиот великан ПСЖ.