Connect with us

Фудбал

Времето им истекува – ПСЖ до сабота мора да продаде играчи

Францускиот шампион ПСЖ до сабота мора да пронајде начин да инкасира 25 милиони евра од продажба на играчи, инаку ќе биде казнет од страна на УЕФА за кршење на финансискиот фер плеј.

ПСЖ доби јасна порака од европската фудбалска федерација пред неколку недели. Мораат да ги стабилизираат трошоците и продажбите, па им беше кажано дека до крајот на месецот мора да продадат фудбалери и да заработат околу 60 милиони евра.

Засега францускиот шампион продаде двајца фудбалери. Хавиер Пасторе отиде во Рома за 25 милиони евра, скоро договорен е и трансферот на Одсон Едуард во Селтик за 10 милиони евра, но се уште се „кратки“ за 25 милиони евра.

Крајниот рок е до сабота. Постојат некои опции за продажба, а најблиску до заминување се Јури Бершиш кој се договорил со Атлетик Билбао, и Гонсало Гедеш за кој Валенсија, каде што е на позајмица, ќе го откупи неговиот договор.

Меѓутоа, овие трансфери се уште не се завршени. До сабота „Парижаните“ ќе мора да ги завршат овие трансфери со кои ќе избегнат казна од УЕФА.

Сепак, и ако дојде до казна, тоа ќе биде парична казна, а ако некој има пари за да ја плати тоа е ПСЖ.