Вулвс го оправда статусот на фаворит против Астон Вила

„Волците“ денеска беа домаќини на Астон Вила, а со победата го оправдаа статусот на фаворити на натпреварот.

Првото полувреме домаќините ја покажаа својата желба за победа, со вкупно 8 шутеви на голот, од кој 3 беа во голот и еден од нив ја затресе мрежата, а гостите за разлика од домаќините само 2 пати успеаа да шутнат кон голот.

-текстот продолжува по рекламата-

Рубен Невес по 41. минута игра успеа да ја затресе мрежата и да го доведе својот тим до водство од 1-0, резултат со кој фудбалерите заминаа на пауза.

Второто полувреме Астон Вила покажа далеку подобра игра од првото полувреме, но во 84. минута Раул Хименз го дуплираше водството на домаќините, сепак Трезетге за гостинста екипа успеа да постигне гол во 90+2. минута за конечни 2-1 на натпреварот.

Вулвс со оваа победа отанува во чекор со Манчестер Јунајтед кој со победата над Брајто се искачи 7 позиции на табелата.

Вулвс по одиграни 12. кола има 16 поени исто колку Јунајтед и Борнмут.