Connect with us

Тајмаут

За девет евра месечно: Поранешната тенисерка ја продава својата еротска содржина

Ешли Харклрод порано беше број 39 на светската тениска листа, но сега 37-годишната девојка го привлекува вниманието кон себе на сосема поинаков начин.

Американката во меѓувреме тргна по поинаков пат и се наоѓа на еротската платформа OnlyFans каде објавува разголени содржини, а за да можете да ги видите нејзините фотографии без облека и во разни пози, треба да издвоите девет евра месечно.

Ешли еднаш ја красеше насловната страница на Плејбој во 2008 година, и стана втората тенисерка по Бразилката Венес Менге што го направила овој чекор.

„Јас сум првиот професионален тенисер што некогаш се најде на насловната страница на Playboy, а сега и на OnlyFans“, рече таа.

Беше многу успешна како тенисерка, а најдобрите резултати ги постигна на Грен слем турнирите во 2003 година на Ролан Гарос и во 2007 година на Австралија Опен, каде го играше третото коло.

Последниот професионален натпревар го имаше во август 2010 година на ВТА турнирот во Синсинати. 37-годишната во текот на својата активна кариера заработила над милион американски долари или над 967.000 евра, а изгледа дека парите никогаш не се доволни.

Таа не е првата (поранешна) спортистка активна во OnlyFans. Таму претходно се пријавија поранешната фудбалерка Медлин Рајт, како и кошаркарската ѕвезда Лиз Камбаџ и возачот Рене Грејси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashley Harkleroad (@ashleyharkleroad)