Connect with us

Фудбал

За Мората пристигнува понуда на која не можел ни да се надева

Алваро Мората летово можеше да направи одличен трансфер.

Кон крајот на преодниот рок Мората се поврзува со Севиља.

Цената која како обештетување ја бара Атлетико Мадрид е 40 милиони евра, а останува прашањето дали сепак клубовите ќе се договорат.

На почетокот на минатиот месец Јувентус соопшти дека Алваро Мората нема да остане во клубот и дека се враќа во Атлетико Мадрид.

Мората претходните две сезони ги мина играјќи за Јувентус како позајмен од Атлетико Мадрид, но се врати во шпанскиот клуб откако Јуве не реши да ја активира откупната клаузула.

Тој навистина не се наметна по враќањето и имаше шпекулации дека повторно ќе ја смени средината.

На три натпревари оваа сезона, Мората забележа 236 минути и додаде два гола.

Двата пати стрелаше во победата од 3:0 против Хетафе.

Дали трансферот ќе се реализира останува да видиме.

Нема сомнеж, сепак, дека 29-годишниот напаѓач би бил одлично засилување за Севиља.

Мората претходно играше уште за Челзи и Реал Мадрид.