Фудбал
За Тен Хаг „Енфилд“ не е проблем: Теренот е секаде ист, а топката тркалезна
Менаџерот на Манчестер Јунајтед – Ерик тен Хаг проговори пред претстојното дерби на кое ќе им се спротивстават на два светски гиганти во фудбалот – „црвените ѓаволи“ и Ливерпул.
Фудбалерите на Тен Хег гостуваат кај Ливерпул во недела во 18.30 часот на уште еден натпревар во Премиер лигата, а Холанѓанецот откри дека е возбуден поради претстојниот судир и атмосферата на Енфилд.
„Едвај ја чекам атмосферата и расположението. Ќе биде одлично. Непријателска атмосфера, но ни се допаѓа. Го познавам мојот тим. Ќе бидеме подготвени да одиме таму и да се бориме. Ќе одиме со самодоверба Знаеме дека ќе биде тешко, но ќе се обидеме да постигнеме добар резултат“, истакна Тен Хаг.
„Имавме многу добри гостувања. За мене нема разлика – секаде теренот е со иста големина, тројца судии и уште еден четврти судија, топката е тркалезна, а во неа има воздух“, шеговито објасни Тен Хаг.
Erik ten Hag is not fazed by Anfield's hostile atmosphere 👀 pic.twitter.com/q7ZO0ZB4zs
— ESPN UK (@ESPNUK) March 3, 2023