Connect with us

Тајмаут

Заборавете на Нејмар, Бразил има нов херој

Бразил се пласира во осмина финалето на Светското првенство во Русија. Сепак, Кариоке не покажа до крај зошто се меѓу главните фаворити за престижниот пехар.

Нејмар со своите трикови и дриблинзи не го даде очекуваниот придонес за Кариоките на Светскиото првенство, но затоа неговиот соиграч Кутињо го даде очекуваниот придонес.

Кутињо засега е херој на Бразил, едноставно му тргна од самиот почеток, успеа да постигне гол и асистенција на сите три натпревари.

Така стана првиот Бразилец по легендарниот Пеле и 1958 година, кој успеа директно да учествува барем во еден гол во секој од првите три натпревари на Мундијалот.

Кутињо постигнал гол против Швајцарија и Костарика, а му асистираше на Паулињо за првиот гол на Бразил против Србија.