Connect with us

Фудбал

Заедно го гледаа натпреварот, а потоа Тухел кажа нешто што го натера Лукаку тотално да ги загуби нервите

Ромелу Лукаку по само една сезона го напушти Челзи и реши да се врати во Интер.

Белгиецот пристигна во Челзи како големо засилување пред една година за цели 120 милиони евра по две фантастични сезони кои ги имаше во Интер.

Од него се очекуваше многу во лондонскиот клуб, но сезоната требаше да се заборави. Многумина беа изненадени кога Лукаку пред неколку месеци призна дека се надева дека ќе се врати во Интер и веднаш беше јасно дека е несреќен во Челзи.

 

Вчера беше официјализирано неговото враќање во Интер, каде пристигна на позајмица до крајот на сезоната, а клубот од Меаца ќе има можност да го откупи неговиот договор следното лето.

Откако и официјално го напушти Челзи, во јавноста веднаш почнаа да се појавуваат разни приказни зошто Лукаку и Томас Тухел не успеаја да постигнат успешна соработка.

 

Не е тајна дека Тухел и Лукаку не беа во добри односи, а „Сан“ вчера откри кога се „пукна“ меѓу нив. Наводно, ова се случило кога заедно го гледале мечот со Тотенхем, а Тухел рекол нешто што воопшто не му се допаднало на Белгиецот.

 

„Од сигурни извори дознав дека Тухел и Лукаку заедно гледале натпревар на Тотенхем, а кога камерите го покажале Антонио Конте, тренерот на Челзи на шега му рекол на Белгиецот „Еве ти го тато“. Тоа воопшто не му се допадна на Лукаку, а потоа нивната врска целосно исчезна“, објави Сан, но одби да го открие идентитетот на својот извор од Челзи.

 

Лукаку минатата сезона во дресот на Челзи одигра 44 натпревари во сите натпреварувања и успеа да постигне 15 гола и да забележи две асистенции.