Connect with us

Фудбал

Зенит го претстави својот нов тренер

Руски Зенит го објави официјалното назначување на Сергеј Семак за тренер, откако го промовираше на својата официјална страница. Поранешниот руски репрезентативец потпиша двагодишен договор со тимот од Санкт Петербург, со можност за продолжување.

Оваа вест ги негира гласините дека е можно Маурицио Сари да го преземе Зенит по разделбата со Роберто Манчини. Во минатата сезона, тимот заврши петти, откако се пласираше во Лига Европа.

Претходно денес, поранешниот напаѓач ја напушти функцијата тренер на ФК Уфа. Семак го предводеше тимот од декември 2016 година, а минатата сезона под негово водство го постигна најдобриот резултат во историјата, освојувајќи ја 6-тата позиција во Руската Премиер Лига.