Connect with us

Ракомет

Жалбата за скандалозниот потег на Грција во Скопје не помина кај ЕХФ

Изречената казна за Грчката ракометна федерација останува, судот ја одби жалбата која Грција ја поднесе до судот за спортска арбитража .

Грчката федерација со казна се здоби на натпреварот помеѓу Македонија и Грција во Скопје на шампионатот до 17 години поради повлекување на грчката екипа од натпреварот против Македонија. Тогаш од грчката екипа како причина беше наведено името МАКЕДОНИЈА кое било испишано на дресовите на ракометарките, а според нив требало да пишува ПЈРМ, со друго зборови, онака како ним им одговара.

Казната со која се здоби грчката ракометна федерација изнесува 25.000 евра.